1018 hPa
86 %
-2 °C
Скопје - Чет, 19.02.2026 00:59
Лусил Урвуе е француска уметница чии весели и живописни илустрации допираат многу актуелни теми во светот на политиката, родот и феминизмот. Студирала политика, маркетинг, латински и грчки јазик но вели дека тоа воопшто не ја привлекувало и не можела ни да сонува дека ќе стане уметница.
Нејзиниот стил ги комбинира примарните бои во крваво црвени илустрации кои ја потенцираат клучната порака во нејзината нарација. Во нив ги опишува и феминизмот, женската сексуалност и еротиката на храбар, мрачен но и забавен начин.
За феминизмот вели: „ Добро е што феминизмот станува популарен поради движењето #metoo. Мислам дека во моите цртежи лесно може да се види дека сè уште сум многу лута зашто хетеронормативните општества функционираат како верски систем што е многу неправеден, осудувачки и штетен.“
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)