1015 hPa
62 %

11 °C
Скопје - Сре, 14.05.2025 21:59
Google деновиве одбележува десет илјади дена од постоењето - околу 27 години и три месеци. Од тој прв ден во септември 1996 година до денес, вредноста на компанијата пораснала од нула на 2,14 билиони долари, или околу 214 милиони долари дневно, ако просто поделиме. Се разбира, првиот ден не вределе двесте милиони, растот бил експоненцијален, па денес Google има годишен приход од 340 милијарди долари. Годишниот приход расте меѓу осум и десет проценти. Да беше држава, ќе беше убедливо најуспешната економија во светот.
Зоран Станојевиќ, Време, 11.12.24.