Тоа се реки

27.01.2025 11:33

Ние време сме. Како приказание тоа го рече
Хераклит, наречен Мрачен, кој тврди
дека сме и вода, а не дијамант тврд;
не што почива, туку она што тече.
Ние река сме, и оној Грк исто така
што се огледува во неа. Во тие води
од одразот прво кристал се родил,
па, низ промени, и оган создала нафака.
Пуста сме река, секогаш пружена
кон своето море. Сегде со сенка опкружена.
Сè збогум вели, сè од нас се дели така.
Помнењето парите свои веќе не ги кова.
А сепак уште имам нешто (го имам и ова),
сепак имам нешто што уште се сака.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото