Сплет

29.01.2025 17:50

Пред еден ѕид варосан, бел,
кој бескраен ништо не ни брани
да го замислиме, застана човек што кани
целиот свет да го исцрта со потег смел
и да го претстави со таа површина:
вратите и вагите, мастилата и библиотеките,
ангелите, Уксмал, пеколите, лавиринтите,
сидрата и бескрајот, ништото и сета прашина.
Со облици ѕидот го полни. Судбата спора,
чии необични подароци никогаш не се шкрти,
ја круниса таа уметничка работа велика:
Во мигот кога да умре мора
тој открива дека целиот сплет од црти
на лицето негово всушност е само слика.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото