1021 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 23:59
Ниедна работа која не е облак
не постои. Тоа се камените катедрали.
Времето кога рони библиски кристали,
во облаци ги претвора. И тоа стои,
дека Одисеј секогаш различно се прима,
променлив како море. Во огледало тој одраз
на лицето твое веќе има поинаков израз;
секој ден свој мрачен лавиринт има.
Оние сме што заминуваат. Наша е слика
облакот расплинат на западната страна.
Ружите временската струја сестрана
една во друга ги менува, како реплика.
Облак и море и заборав си.
Сето изгубено такуѓере те краси.
Превод: П. В.