1034 hPa
70 %

3 °C
Скопје - Пет, 07.02.2025 02:59
Довербата во научниците низ светот е на „умерено високо“ ниво, покажува истражувањето на речиси 72.000 луѓе од 68 земји.
Истражувањето беше предводено од Викторија Колоња од Швајцарскиот федерален институт за технологија „ЕТХ Цирих“ заедно со Нилс Меде од Универзитетот во Цирих. Наодите од истражувањето покажуваат дека жените, постарите луѓе и луѓето со високи приходи имаат особено високо ниво на доверба во научниците.
Религиозните луѓе, образованите луѓе, либералите и луѓето со левичарски политички склоности, исто така, имаат поголема доверба во научниците. Жителите на урбаните средини повеќе им веруваат на научниците отколку оние што живеат во руралните области.
Во многу земји, луѓето со десничарски и конзервативни политички ставови имаа релативно мала доверба во истражувачите.
Вкупно 75 отсто од испитаниците се согласиле дека методите на научно истражување се најдобриот начин да се открие дали нешто е точно или неточно.
Самите истражувачи признаваат дека истражувањето има неколку ограничувања. На пример, во некои земји се водеше на англиски или на француски, иако тие не се најраспространетите јазици таму. Дополнително, истражувањето било спроведено на интернет. Овие два фактори можеа да доведат до преголема застапеност на образовани луѓе.
Извор: https://zimo.dnevnik.hr/