1015 hPa
27 %
29 °C
Скопје - Пет, 10.07.2026 18:59
На денешниот протест сакам да гледам како на последниот подарок од Фросина за сите нас, за сите добронамерни, обесправени и гневни граѓани. Трогната сум од силата пронајдена во загубата со која таа и нејзиното семејство стојат храбро и ни помагаат да ги скршиме синџирите на апатијата и песимизмот дека борбата за правда е можна. Денеска во Скопје се случи најмасовниот и најискрениот собир од Шарената револуција до денес. И да се задржуме на ова “најискрениот”, оти има разлика. Граѓаните самоорганизирани излегоа да протестираат и да го искажат својот гнев против криминалните инсталации во правосудните институции. Поради Фросина и за Фросина и сите невини жртви кои никогаш не требало да ги загубиме. Нема ништо помоќно од оптимизмот, фали Ви. Вака се сака Македонија, домот, пријателите, семејството.
Сашка Цветковска, Фејсбук, 02.02.25.