Облаци (2)

03.02.2025 08:51

Низ воздухот се движат спокојните масиви,
страшните брда од сенки и чадливи зраци
што денот го мрачат. Ги викаат облаци.
Облиците често се чинат нејасни ил сиви.
Шекспир гледал еден. На змеј
налик му бил. И тој облак се памти,
во зборовите му светка и пламти,
и во погледот наш, уште траен, еј.
Што се облаците? Можат ли да бидат
случајни зданија? Можеби Бог ги треба
за својата бескрајна небеска градба
во која нишките од целиот сплет идат?
Можеби облакот е работа еднакво бледа
како човекот кој взори ги гледа.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото