1014 hPa
93 %
0 °C
Скопје - Сре, 21.01.2026 16:59
Блескавите води на ноќта веќе ме ослободија
од многуте облици, бои, по кои некогаш пекав.
Птиците во градината заедно со ѕвездите го слават
сега толку посакуваното враќање на старите
закони на сонот и сенката. Веќе сенката печат стави
врз огледалата кои со привидот на нештата се дружат.
Подобро тоа Гете го рече: Блиското се оддалечува.
Во трите кратки збора целиот самрак се собра.
Ружите во градината заедно престануваат да бидат ружи
и сакаат Ружа да станат.
Превод: П. В.