Излез од пеколот на груевизмот

11.03.2011 14:57
Излез од пеколот на груевизмот

Изминатиов месец како „Граѓани за европска Македонија“ (ГЕМ) одржавме јавни разговори во Штип, Кавадарци, Крива Паланка и Охрид. Во истите градови бевме и при „турнејата“ пред две години. Првата упадлива разлика е што тогаш во публиката имавме по педесетина луѓе, а сега на секоја средба доаѓаат неколку стотици граѓани. Разликите во расположението меѓу граѓаните, тогаш и сега, исто така се големи. Пред сè, луѓето веќе толку не се плашат од груевизмот. Не се плашат да дојдат на разговор со „соросоидите, предавниците и грчките платеници“. Не се плашат дека ќе бидат казнети ако дојдат на трибина или ако на каков било начин се побунат против неправдите во своите градови. Ни рекоа дека постојат две главни причини за намалениот страв: прво, животот под груевизмот стана толку страшен што казните и заканите веќе немаат „дисциплинско“ дејство; „можат уште само кожата да ни ја одерат од телата“, велат граѓаните на нашите трибини. Втората причина за намалениот страв од силеџиите на изродбата е реално променетиот однос на силите.

Следна важна работа што ја согледуваме при средбите со луѓето е големиот бес спрема груевизмот и неприкриената желба за одмазда. Толку зулуми, толку лаги, толку неправди направија нааканите војници на Фамилијата изминативе пет години, што на граѓаните им е зовриено. Педесет милиони евра чинат само спомениците на груевизмот. Нови педесет милиони евра чинат само две згради од лудачкиот проект Скопје 2014: Музејот на ВМРО и зградата на Уставниот суд. Театарот исто така ќе проголта неколку десетици милиони евра, како што веќе проголта градскиот стадион. Веќе никој не е до толку ќор при очи и глув при уши, за да може да се крие очебијното: изродбениците ја опустошија Македонија.

Во помалите градови, велам, опустошувањата на груевизмот, бесмислените расфрлања со стотици милиони евра уште повеќе бодат очи, зашто на граѓаните речиси им остана само водата во очите - ништо веќе немаат. Стапката на невработеност во Крива Паланка е 60 проценти. Луѓето буквално немаат што да јадат. Со вложувања од само неколку милиони евра многу македонски градови би можеле да се препородат. Башка што илјадници луѓе би можеле да се вработат само за изградба на инфраструктурата што ја нема и која сама по себе (патиштата, канализацијата, енергетските проекти итн.) драматично би им го поправила животот на стотици илјади луѓе во Македонија. Да не зборуваме за најважните инвестиции: во долгорочно одржливи економски проекти, во фирми и фабрики. Ништо од тоа нема. Има само стотици милиони евра фрлени по рекламни агенции, телевизии, изарчени на бронза, мермер, лаги, халуцинации, слики за големиот вожд и неговата преродба на пустошот.

Интересно е што луѓето во градовите во внатрешноста веќе не нè прашуваат зoшто, покрај толку партии, шестмина партиски неангажирани луѓе држат политички трибини. Ми се чини дека и на најизбезумените им стана јасно: ако не се занимаваш со политика, таа ќе се занимава со тебе. Ретко кој од нас, од сите нас во земјава, што секој ден по кафеани, улици, работни места, по дома и по гости неуморно бамбориме за политика - го прави тоа од досада, од перверзија или поради тоа што нема попаметна работа. Се бавиме со политика зашто таа ни се вовлече во креветите. Се бавиме со политика зашто таа реално ги моделира нашите животи. Се бавиме со политика зашто и’ дозволивме да стане толку моќна, толку преждрана (а притоа цело време безгранично гладна!), што сеирот и цинизмот веќе не вршат работа. Занимавањето со политика денес во Македонија, за жал, значи потрага по лебот насушен.

Освен тоа, занимавањето со политика во Македонија во втората деценија на 21 век ќе мора да почне значи и одговорност, а не само моќ. Власта секојдневно трупа ново сало врз своето нагоено тело (некои проценки велат дека власта директно поседува 70 проценти од целокупниот бруто општествен производ во земјата), а истовремено со растењето на неконтролираната моќ, се намалува одговорноста. Веќе никој за ништо не е одговорен, само ако е лојален, ако е послушен груевист. Можат пациенти да умираат за банални работи, можат да гинат луѓе туку-така, да се тепаат студенти по плоштади, да се толчат стотици илјади луѓе меѓу најслабите и најранливите, но одговорен за злото, за пљачката, за неправдата, за суровоста, за насилството - нема. Напротив! Насилството, суровоста, неправдата - се пожелни! Зашто тие се единствената легитимација на моќта!

Таквото разбирање на моќта мора да се прекине. Затоа го формиравме ГЕМ. Затоа трошиме време, пари и енергија на луѓето да им објасниме дека борбата за слобода и правда, како и борбата против стравот, се основата на сите борби. И дека слободата не се дава, туку се зема. Слободата не паѓа од небото како дар за послушните, туку е борба, вековен судир меѓу нааканиот тиранин и замолчаниот поданик.

Наш впечаток, значи, од најновите трибини на ГЕМ е дека груевизмот е при крај. Дека стравот се намалува, а пропагандните лаги на изродбата не само што веќе не вршат работа, туку многу често предизвикуваат контраефект и бес кај граѓаните. Но, и тоа постојано го повторуваме на трибините: допрва ни претстои многу работа. Влегувањето во ЕУ нема да биде влез во рајот; но сигурно е дека ќе биде излез од пеколот. На тој пат, прва работа што мораме да ја направиме е да излеземе од пеколот на груевизмот.

Извор: Глобус, 08.03.11.

слики: Rachel Goodyear

за колку го плукаш?

за колку го плукаш?

70% од БНП во рацете на

70% од БНП во рацете на изрод(бе)ните? Премногу. Изборите се одлична шанса да се мобилизира јавното мнение и да се симне ДПМНЕ и од власта и конечно и засекогаш од историската сцена.

Браво, браво!! Само

Браво, браво!! Само ангажирање на интелектуалците може да ја извлече земјава од пеколот на груевизмот.

"Затоа трошиме време, пари и

"Затоа трошиме време, пари и енергија на луѓето да им објасниме дека борбата за слобода и правда, како и борбата против стравот, се основата на сите борби."
-Од кого ги земате парите?

секоја чест за упорноста

секоја чест за упорноста

"Наш впечаток, значи, од

"Наш впечаток, значи, од најновите трибини на ГЕМ е дека груевизмот е при крај".

Хехе, што је Бранку мило, ГЕМ-у се збило.

Бррррр

Бррррр

Навистина е тажно што оваа

Навистина е тажно што оваа партиска екипа, и покрај големата граѓанска подршка не успеа да направи никаква афирмација на РМ на меѓународен план. Напротив, се заплеткаа во конфликти, омраза, навреди на амбасадорите, аутизам. Очигледно не можат да се надомести недостатокот на стил, знаење, образование, култура, меѓународни познанства. Грујовски изгледа се чувствува подобро во друштво на типови како береткарот со кисок-црквата отколку со европската елита.

Апсолутно точно

Апсолутно точно Философу.

Можеби е тажна оваа партиска екипа.

Но,за жал уште потажна е и партиската екипа на бившиот претседател на РМ,поточно самиот тој,кој не може да се пофали дека се дружел со европската елита.

Можеби се обидувал,но...јутјуб ни кажува нешто друго

watch?v=ttdczVMbxNU

Нешто со кое не смееме да се гордееме!

Време е да се излезе од

Време е да се излезе од пеколот во своите глави,Никола!

Пекол кој некој сака да ни го создаде или уште пострашно,продаде за хх.ххх кеш! Трагикомично е што ние како безглави клонови го купуваме тој виртуелно создаден нечив пекол.

Го почитувам твојот крајно критички став кон власта.
Но,преку глава од нихилисти кои само дрндаат наоколу,без да дадат никаков конкретен предлог или чаре за излез.
Преку глава од маскеради во кои играме невладини активисти.
Дај отворен конкретен предлог или твој став за тоа која е најдобрата опција за замена на актуелниве властодршци.

Ајде,ќе се согласиме дека ДПМНЕ треба да се симне од власт. Но,ајде и да ја видиме евентуалната замена.

Типот со брадата?
Истакнатиот демократ?
Еден од двајцата екс премиери со бради кои му ибаа матер на општествово?
Типот во чие време се затвораа медиуми како стотројка и останати и да не зборуваме за останатите ноторни срања?
Тоа ли ни е замената?
Тоа ли е месијата,кој на бел коњ ке ни го донесе рајот,после овој пекол?

Туку постојат ли идеалисти за вистината...ако воопшто постои вистина,он д фрст плејс,се разбира?

@Јана <> <> ...

@Јана <> <> ...

standing ovation,standing

standing ovation,standing ovation...

Слични содржини

Никола Гелевски
X-Men [к:19]
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото