1014 hPa
60 %
21 °C
Скопје - Вто, 09.06.2026 21:59

Фестивалот на eвропски филм „Синедејс“ распиша конкурс за пријавување кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на „MK Shorts“ програмата на 24. издание што ќе се одржи од 10 до 15 јули 2025.
Пријавените филмови, како што соопштија треба да се со времетраење до 20 минути, со година на продукција 2023/2024. Тие можат да се во формат на анимиран или игран филм.
Конкурсот е отворен до 1 јуни, по кој учесниците ќе бидат информирани во најкус рок, посочуваат организаторите.
За учество на конкурсот потребно е да се испрати мејл со основни податоци за филмот на contact@cinedays.com.mk.