1011 hPa
66 %

10 °C
Скопје - Пон, 17.03.2025 09:12
Моите дома често ми велат дека крескам. Односно, ми велат: Зошто крескаш, или: Немој да крескаш.
Белки мојот глас поради нешто ги нервира. Инаку, сметам дека имам сосема природна боја на гласот. Можеби е во прашање само тонот, или фрекфенцијата. Можеби и тие мене ме нервираат па гласот ми станува за неколку октави повисок. Па сепак, помислувам, можно е и во претходниот живот да сум била сврака, па од сите нејзини особини да сум го задржала само гласот. Крескам. Оти, зошто да не им веруваме на ближните.
Меѓутоа, умеам јас и да гугам. Само моите дома тоа не го знаат. Тие немаат можност да го слушнат тој мој друг глас. Оти тие никако не се оние на кои би им гугала. Би било неумесно. Но гугам, верувајте ми на зборот.
Превод: П. В.