1010 hPa
45 %

18 °C
Скопје - Пон, 17.03.2025 09:59
Страдам од синдромот на Пенелопа. Чекам. А тоа никогаш не сум го умеела. Ниту некогаш сум го научила. Седнувам и чекам. Одисеј го чекам. После некое време ме фаќа јанѕа и станувам и се шеткам, се шеткам. Тука, по собата. Никаде потаму. На ум не ми паѓа дека би можела некаде да заминам, или барем да отворам дебела, дебела книга. Или да земам плетиво в раце. Да бришам прашина, да се занимавам со што било друго. Само да се исфрли тешката тиња! Да се замине, да речеме, на Дунав или Тамиш, која било река, и таа тиња од себе кришум (од Зелените) да се исфрли, водите далеку, далеку да ја однесат. Но не, тоа не доаѓаше предвид. Со време во таа тиња почнав да се валам, да се хранам со нејзе, да уживам во нејзе како некакво шаранче. Коешто кога-тогаш упаѓа во нечии туѓи раце, кои од него како од некаква вреќа целата тиња ја истресуваат, што и мене неколку пати ми се има случено, за време на животот.
Превод: П. В.