1015 hPa
33 %

30 °C
Скопје - Пет, 20.06.2025 18:59
Ешли Сучински е американска фотографка која страста кон фотографијата ја црпи од фолклорот и културите ширум светот. Ги истражувала европските маскирани ритуали и обичаи, учејќи за различните ликови, историјата и симболизмот што е уникатен за секоја традиција. „Се чинеше како секое мало село да има свои уникатни древни ритуали кои сè уште опстојуваат во нашето модерно општество,“ вели таа.
Некои од ликовите што Сушчински ги сретнува за време на нејзините патувања се бугарските Кукери, чии варијации можат да бидат наречени Старци или Чауши. Нивните сложени маски и костими се изработени од волна, животински рогови, везени ткаенини, ѕвонци и други украси, со цел да се повика мистичната моќ која ги брка злите духови.
Сушчински нагласува дека нејзината улога, исто како и улогата на луѓето што ги фотографира, е улога на раскажувач. Преку визуелниот медиум, таа сака да сподели знаење и разбирање за овие вековни обичаи и да придонесе за нивно зачувување. „Сакам да им покажам на луѓето дека помалку познатите култури, реликвии, обичаи и ритуали успеале да опстанат и да се развиваат во нашиот свет кој постојано се менува“ вели таа.