Радост-пропаст

14.02.2025 11:47

Радоста веќе не е како што беше, додека правеше крпени кукли или боса трчаше по дождовните барички. Сега кога ќе налета, речиси страв ме фаќа. Откаде таа тука, што сака, што доаѓа по неа? Тагата ми е некако поприродна состојба. Одамна сум сродена со неа, речиси сме едно. Да речеме, секогаш поприродно сум се чувствувала на погреби отколку на свадби. На свадбите се чувствувам одвишна. На погребите чувствувам како тука да ми е местото, дека сум тука со причина.

Радоста е јаросна, не може да се контролира. Ти ги спушта рацете, те разоружува, прави со тебе што сака. Те расплинува, го разорува твоето јас, кое како пеперуже кружи околу свеќата (среќата), не знаејќи што со себе. Па ќе си догори. Ќе се убие. Ќе се измоча в гаќи.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото