Што останува

17.02.2025 11:51

После смртта на баба ми, во фиоката од нејзината комода најдов предмети што ги чувала таму. Беа тука: кибрити за потпала на печката или за палење на гасната ламба, наочари, кутија со игли и конци (налик на Бенјаминовата „Кутија за работа“, без чудесниот Кафкин одрадек, или со него), легитимација, зелени ментол бонбони залепени едни за други, аспирин, маст за реума (камфорот ми го сечеше грлото) и пакло бисквити ‒ кое најмногу ме потресуваше оти беше отворено и недојадено.

Дали е тоа сè што останува после нас? Тие работички за секојдневна употреба, за прва помош. Ако стегне ишијас, ако е студено, или ако огладниме. Во секојдневниот живот нужни, по смртта одвишни. Неми сведоци на животот каков што бил.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото