Во времето пред нас, се надевам, ќе ми се приклучите во борбата

17.02.2025 12:29
Во времето пред нас, се надевам, ќе ми се приклучите во борбата

 

Немам често можност да му заблагодарам на Илон Маск, но тој направи важна работа покажувајќи го соголено она што години наназад го констатириме: фактот дека живееме во олигархиско општество во кое милијардери доминираат не само со нашата политика и информациите што ги консумираме, туку и со нашата влада и нашата економија...

Никогаш тоа не било толку јасно како денес.

Но, со оглед на насловите и вниманието што го доби господинот Маск последниве неколку недели, оти незаконски и противуставно ги елиминира државните институции, размислував дека е вистинско време да го поставам прашањето што медиумите и повеќето политичари изгледа не го поставуваат: што тој и другите мултимилијардери навистина сакаат? Која е нивната крајна цел?

По мое мислење, она што Маск и неговото опкружување агресивно го бараат не е нешто ново, не е комплицирано и не е невообичаено. Тоа е она што владејачките класи низ историјата секогаш го сакале и верувале дека е нивно право: уште повеќе моќ, повеќе контрола, повеќе богатство. Притоа не сакаат обичните луѓе и демократијата да им стојат на пат.

Илон Маск и неговите олигарски колеги сметаат дека владата и законите се само пречки за нивните интереси и за она на што тие, како што си мислат, имаат право.

Во предреволуционерна Америка владејачката класа владеела преку „божественото право на кралевите“, верата дека кралот на Англија е претставник на Бога и дека таа власт не може да се доведе во прашања. Денес олигарсите сметаат дека како мајстори на технологијата и како „луѓе со висок IQ“ имаат апсолутно право на владеење.

Со други зборови, тие се нашите модерни кралеви.

Нивната моќ не е обична. Тие имаат неверојатно богатство. Денес Маск, Безос и Цукерберг имаат комбинирано богатство од 903 милијарди долари, што е повеќе отколку што има посиромашната половина од населението на САД, 170 милиони луѓе. Неверојатно е, но откако Трамп беше избран, нивното богатство нагло порасна. Елон Маск е побогат за 138 милијарди долари, Цукерберг за 49 милијарди, а Безос побогат за 28 милијарди долари. Соберете ги овие суми и тројцата најбогати луѓе во Америка се побогати за 215 милијарди долари од денот на изборите.

Во меѓувреме, додека многу богаташи стануваат многу побогати, 60% од Американците живеат од плата до плата, 85 милиони немаат здравствено осигурување или се недоволно осигурени, 25% од постарите луѓе живеат со 15.000 долари или помалку, 800.000 се бездомници, а имаме највисока стапка на сиромаштија кај децата во споредба со речиси која било поголема земја во светот.

Дали мислите дека олигарсите треба да плукаат по овие луѓе? Верувајте, тие не знаат. Одлуката на Маск да ја распушти US.AID значи дека илјадници од најсиромашните луѓе во светот ќе гладуваат или ќе умрат од болести што можат да се спречат.

Проблемот, нагласувам, не е само надвор од земјава. Овде, во САД, олигарсите наскоро ќе ги преземат здравството, исхраната, станбените и образовните програми што ги штитат најранливите наши граѓани, за да може Конгресот да обезбеди големи даночни олеснувања за нив и нивните колеги милијардери. Како денешни кралеви што веруваат дека имаат апсолутно право да владеат, тие без колебање ќе ги жртвуваат работниците за да ги заштитат своите привилегии.

Покрај тоа, тие ќе ги искористат големите медиумски операции што ги поседуваат за да го пренасочат вниманието на влијанието на нивната политика додека нè „забавуваат до смрт“. Со лаги, лаги, лаги. Тие ќе продолжат да трошат огромни суми пари за да купуваат политичари во двете големи политички партии.

Тие водат војна против работничката класа на оваа земја и таа војна планираат да ја добијат.

Нема да се шегувам со вас - проблемите со кои се соочува земјава се сериозни и тешко се решаваат. Економијата е наместена, нашиот систем на финансирање кампањи е корумпиран и, згора, се бориме за контрола на климатските промени.

Но еве што знам:

Најголемиот страв на владејачката класа во оваа земја е дека Американците - црни, бели, хиспанци, урбани и рурални, геј и хетеросексуални - ќе се здружат за да побараат влада што ќе нè претставува сите нас, а не само малиот број богати.

Нивната ноќна мора е дека нема да дозволиме да нè делат по раса, религија, сексуална ориентација или земја на потекло, и дека заедно ќе имаме храброст да им се спротивставиме.

Дали ова ќе биде лесно? Секако, не.

Владејачката класа во оваа земја ќе ве потсетува дека тие ја имаат цела моќ. Тие ја контролираат власта и ги поседуваат медиумите. „Сакате да нè водите? Со среќа“, ќе ви кажат. „Но, ништо нема да можете да промените."

Но, нашата денешна задача е да не заборавиме на големата борба и жртвите што милиони луѓе ги претрпеле низ вековите за да создадат демократско, поправедно и похумано општество:

- Собрувањето на англискиот крал за создавање нова нација и самоуправа. Неможно.

- Воспоставување универзално право на глас. Неможно.

- Крај на ропството и сегрегацијата. Неможно.

- Правото на работниците да формираат синдикати и укинувањето на детскиот труд. Неможно.

- Борбата на жените за контрола врз своето тело. Неможно.

- Донесување законодавство за воспоставување социјална заштита, Medicare, Medicaid, минимални плати, чист воздух и вода. Неможно.

Во овие тешки времиња, очајот не е излез. Мора да се бориме со сите можни средства.

Мораме да учествуваме во политичкиот процес; да одиме насекаде, да разговараме со нашите локални, државни и федерални законодавци, да делегираме кандидати што ќе се борат за работничката класа во оваа земја. Мораме да создадеме нови канали за комуникација и делење на информации. Мораме да волонтираме не само политички, туку и да градиме заедница на локално ниво.

Мораме да го направиме сето она што го можеме.

Не е потребно да се нагласи, планирам да го дадам својот дел: и внатре во мојот контекст, и патувајќи низ целата држава, залагајќи се за воспоставување земја на работничката класа. Во деновите, неделите и месеците што доаѓаат, се надевам, ќе ми се приклучите во борбава.

Во знак на солидарност,

Берни Сандерс

Карикатури: Аморим

Извор за текстот: Фејсбук профилот на Берни Сандерс

Превод: Н. Г.

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Свет / Теорија
Општество / Активизам / Свет / Уметност
Општество / Активизам / Свет / Психологија
Општество / Активизам / Европа / Свет

ОкоБоли главаВицФото