1022 hPa
33 %
28 °C
Скопје - Нед, 06.09.2026 19:23
Новиот грб треба да ни биде некаква комбинација од лав со тетовиран орел кој лета накај сонцето со 16 крака, а лево и десно се мостовите на Будимпешта, кулите у Дубаи и палатата у Монте Карло ( да се знае кај се парите).
У средина може да има полупразна потрошувачка кошница пошто народот толку може да си дозволи. Погоре да има облак од аерозагадување со мртвачка глава, а под него река со мртви риби, оти и водите ни се загадени.
Сето тоа може да се заокружи со кучето што сака да си ја фати опашката како визуелизација на 34 години вртење у круг.
Да не забораиме у лентата од грбот да има превртен трактор, искршен стап на Ескулап, скината книга и Кирил и Методиј како кубат коси пошто и на земјоделието, здравството и образованието мајка им ебавме.
Еве наратив, се надевам некој од моите другари уметници ќе го визуелизира новиот грб.
Никола Писарев, Фејсбук, 17.02.25.