Наслушнување

21.02.2025 11:23

Често ноќе во станот слушам чекори иако живеам сама. Станувам, проверувам, вратата заклучена. Пред зори ја слушам бравата на вратата како чкрапа.

Ако сосема му се предадам на наслушнувањето, ги слушам дури и брзите чекори по скалите. А потоа качувањето на лифтот, отворањето и затворањето на вратата која неизбежно траска.

Често истрчувам на терасата и погледнувам озгора дали некој ќе се појави на излезот од зградата. И има тука разни суштества со нејасни контури, со опашки што се влечат. Но една ноќ здогледав нешто во бела, бела одора, што како облак се издигаше, сè повисоко и повисоко. Се исплашив да не е тоа мојата душа што веќе некаде тргнала. И што ќе прави сега празново тело, како ѕвоно да ечи?!

Превод: П. В.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото