1014 hPa
59 %

16 °C
Скопје - Пет, 18.04.2025 03:13
Чест и задоволство ни е да ве поканиме на убав настан во понеделник на 24 февруари во галеријата „Метаноја“. Настанот е насловен „Сто години надреализам“ и на него ќе зборуваат акад. Влада Урошевиќ и проф. Лидија Капушевска-Дракулевска, во амбиентот на изложбата „Метафора - Жито, какол и парчиња стакло“ на Марко Трпески.
Поводот на настанот е осврт на стогодишнината од почетоците на надреализмот во 1924 година. Своите излагања акад. Урошевиќ и проф. Kапушевска-Дракулевска ќе ги заносваат врз нивната заедничка книга „Птици во аквариум: надреализам 1924 ‒ 2024“.
Ќе ни биде особена чест доколку на Вашиот медиум го најавите или пак го проследите овој настан.