1017 hPa
27 %

28 °C
Скопје - Саб, 14.06.2025 18:59
Борбата против говорот на омразата беше тема додека општествата беа минимум пристојни и нормални. Сега тоа не е тема. Борбата против говорот на омраза во денешниот свет е како да фаќате магла во празни шишиња или човек што го голтнал некој кит да се жали на смрдеата во неговата утроба. Сите ние сме лапнати. Човештвото е лапнато, а можно е дека ќе биде и дефецирано. Во океанот од омраза. Не велам дека и луѓето кои успеаја да останат колку-толку нормални, треба да блујат омраза. Не. Тие само треба да бидат бескомпромисно остри, супериорни и во големи откоси агресивни. Да се борат за победа над злото. Која нема да може да дојде пред омразата, фашистичките профили, новите империјални политики, откажувањето од низа елементарни цивилизациски дострели, работа која добива димензии на општост, додека не го допре плафонот, додека тие не се исцрпат сами од себе, со мала помош на преостанатата нормалност. Таа (нормалноста) не сме да мрази ништо друго освен глупоста. На таа омраза има право. И не само што има право туку таа омраза мора да биде нејзина легитимација.
Бранко Тричковски, Фејсбук, 24.01.24.