1014 hPa
59 %

16 °C
Скопје - Пет, 18.04.2025 03:13
Големата влакнеста машка рака до лакот се завлекува во зелената вода во која танцуваат крупни шарани Големата влакнеста машка рака нурната во зелената зелената вода станува сè поголема и поголема барајќи шаранче за колење Големата влакнеста машка рака дофати еден убавец од две-три кила Големата влакнеста машка рака ја извади младата риба од зелената зелената вода Големата влакнеста машка рака гордо рибата ја носи кон менгемето губилиштето крај ѕидот Големата влакнеста машка рака ја фаќа хуманата справа и ја потпира врз младата риба Лесен трзај и таа клапна а Големата влакнеста машка рака ја става во кеса тука пред моите неми не и невини очи Сега јас бев на ред
Превод: П. В.