Остаток

26.02.2025 09:35

Офелија ги испеа лудачките песни
и истрча од сцената вознемирена
фустанот да не бил згужван, врз рамењата
дали косата паѓала ко што треба.

За да ја надополни вистината, го мие од веѓите црното
очајување и - како родена ќерка на Полониј -
за да биде сигурна, го пребројува лисјето од коса извадено.
Офелијо, мене и тебе Данска нека ни прости:
ќе загинам во крилјата, ќе преживеам во практичните канџи.
Non amnis moriar од љубов.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото