1019 hPa
45 %
18 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 14:59

Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, потврди дека Џин Хекман (95) и неговата сопруга, инаку пијанистка (63), биле пронајдени мртви во нивниот дом, заедно со нивното куче.
Мендоза изјави дека нема причина да се посомнева во нешто незаконско, но не откри која е причината за смртта, ниту пак кое е проценетото време на смртта.
Џин Хекман е роден во Сан Бернардино, Калифорнија, во 1930 година, а неговото семејство често се селело, пa така тој пораснал во Данвил, Илинои.
Ја напуштил куќата на 16-годишна возраст и лажел дека е полнолетен за да се пријави во американската морнарица, каде служел четири и пол години како теренски радио-оператор.
По смртта на неговата мајка почнал да студира новинарство и телевизиска продукција, но се откажал и се вратил во Калифорнија, каде барал начин да започне актерска кариера.
Се приклучил на театарско здружение во Пасадена, каде што го запознал Дастин Хофман, и покрај тоа што многумина се сомневале во него, решил да им докаже дека не се во право.
Работел во ресторан за да може да продолжи со актерството, а улоги добивал постепено. Полека стигнал и до Бродвеј, што конечно му го отворило патот кон филмот.
Првата филмска улога ја оствари во филмот „Лилит“, заедно со Џин Себерг и Ворен Бити.
За улогата во филмот „Бони и Клајд“ доби номинација за Оскар за најдобра споредна улога, а повторно беше номиниран и за филмот „Никогаш не му пеев на татко ми“.
Вистинска ѕвезда стана по улогата во филмот „Француска врска“, за која доби Оскар и стана еден од најбараните актери во Холивуд во 1970-тите.
Докажа дека може да игра и главни улоги, но и да биде одлична поддршка, лесно менувајќи жанрови и соработувајќи со различни режисери.
Во текот на 80-тите и 90-тите години Џин Хекман продолжи да реди бројни улоги, освои уште еден Оскар за филмот „Неопростливо“, а на почетокот на 2000-тите почна внимателно да ги избира проектите во кои се појавува.
Неговата последна официјална улога беше во комедијата „Добредојдовте во Муспорт“ од 2004 година, по што изјави дека се повлекува од глумата.
Џин Хекман напиша три книги и двапати беше во брак – првиот пат со Феј Малтез, а вториот со Бетси Аракава, со која и беше пронајден мртов.
Извор: https://www.santafenewmexican.com/