Мицкоски: Поамериканец и од Американците, помалку Европјанин и од евроскептиците

05.03.2025 11:43

Дипломатијата е повеќе од партиски Пи-аР, а ВМРО-ДПМНЕ со ваква политика допрва ќе ја внесува Северна Македонија во меѓународен процеп и домашен амбис.

Тоа ќе биде последица на пристапот на Мицкоски: „Поамериканец“ и од Американците, помалку Европјанин и од евроскептиците, „посуверенист“ и од Кремљ – замислувајќи дека може да ја проектира Северна Македонија во „неврзана Југославија“.

Играњето „ќеф на Американците, за инает на Европјаните, па обратно“ како што тоа го замислува Мицкоски (со Вучиќ, Додик, Фицо и Орбан) - е виц. Замислата дека со тоа ќе му се додвори на Вашингтон кој активно разговара со Париз, Лондон, Рим, Варшава, Берлин - е комедија. Обидот тоа да го прави на грбот на Украинците е трагедија.

Ивон Величковски, Фејсбук, 25.02.25.