Се создава „Премиер лига“: САД, Кина и Русија

07.03.2025 12:40

Се создава „Премиер лига“: САД, Кина и Русија. Светот повторно почнува да се дели вертикално (на моќни и на оние кои, поради тоа, „немаат добри карти и не треба да се приближуваат до масата за картање“) и хоризонтално (на сфери на интерес, при што сите три големи сили веќе кажале што ги интересира: САД - Гренланд, Панамскиот канал, Мексиканскиот залив, Канада; Русија - Украина, постсоветскиот простор; Кина - Тајван).

Во тој контекст, ниту една од трите нови сили не ја гледа ЕУ како четврта. Клучно место за Европа ќе има Британија - која можеби сега ќе сфати дека во желбата да се одвои од Европа и да се приближи до Америка, застанала на половина пат, т.е. среде Атлантикот. Другите земји ќе мораат да одлучат дали ќе влезат во „коалицијата на доброволни“ или во „коалицијата на неволните“ - или ќе се „тргнат од масата“, како што предлага Зоран Милановиќ. Но, каква смисла има државата да се „прави мртва“ во клучните моменти?

На т.н. Западен Балкан - единственото прашање кое може да дојде на дневен ред во некоја нова Јалта е: Косово. Тоа е симболички многу важно и за Русија и за Америка. Но, дали е важно и за Трамп, или ќе биде едно од прашањата повеќе поврзани со Клинтон (а тоа значи и Обама и Бајден), па за Трамп станува нова шанса да го уништи она што тие го правеле?

Дејан Јовиќ, Велике приче, 06.03.25.

 

Русија / Европа / ЕУ / САД / Кина / Украина / Трамп

ОкоБоли главаВицФото