Спомениците треба да бидат тргнати, триумфалната капија сравнета со земја, сите лавови, коњи и антички ликови, сите столбови и фигуринки расфрлани по крововите...
Зашто е тоа симбол на примитивизмот, на извитоперувањето на историјата и една од најголемите кражби на парите од граѓаните.
Нашите херои не предводеле армии качени на коњи.
Ние немаме врска со Александар таткоубиецот и неговото семејство.
Народот не тргал во револуција по крволочни убијци со исукани ножеви.
Заедно со лавовите мора да бидат тргнати и сите разлетани орли и крстови изградени по раскрсници. И доста со нови цркви и џамии.