1011 hPa
66 %

10 °C
Скопје - Пон, 17.03.2025 09:12
Самоуката илустраторка Шели Олдрич изработува живописни минијатурни тридимензионални книги со акварел и гваш. Слика цвеќиња и пишува текстови кои потсетуваат на народните приказни и познатите литературни дела, како што се Хрониките на Нарнија и Хобитот.
„Отсекогаш уживав во ракотворбите, но не почнав да сликам (или да творам) сè додека не наполнив 45 години“, вели Олдрич за себеси. „Мојата позадина е во маркетингот и финансиската анализа, а со тоа се занимавав повеќе од 20 години. Откако ја напуштив кариерата за да ги воспитувам моите ќерки, почнав да одвојувам малку слободно време за сликање за да го одржам умот активен.“
Олдрич ги научила основите на создавање тридимензионални книги, а потоа ја адаптирала техниката во свој стил. Отсекогаш ја сакала дизајнираната канцелариска галантерија, играчките и книгите со мали, скриени прегради или минијатурни изненадувања. Таа вели: „Не е чудно што кога ми се роди првата ќерка почнав да правам мали албуми што содржеа подвижни елементи: преклопнеи страници, скриени писма и мини книги. Веројатно тоа беше почетокот на мојата фасцинација со хартијата.“