Чист воздух

10.03.2025 18:14

Не може веќе да продолжи вака,
Дрвјата и децата си подадоа рака.
Калинките од Валандово,
Боровите од Берово
И јаболниците од Ресен
Оддржаа состанок оваа есен.
На состанокот се реши
Да ги поканат од Скопје
Јапонските цреши.
На дрвјата и на децата
Заклучокот им е ист,
Воздухот мора
Да биде чист.
Од загадениот воздух
Дрвјата се сушат,
А децата се гушат.

 

Димитар Алачки е пензиониран лекар од Струмица, познат и како афористичар, хуморист и поет за деца. Досега има издадено три стихозбирки поезија.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото