1016 hPa
71 %
12 °C
Скопје - Сре, 22.04.2026 09:59
Страшно е, едновремено застрашувачки и возбудливо, да се гледа колку брзо се промени светот откако Доналд Трамп беше инаугуриран за претседател на САД на 20-ти јануари. Откако судот го прогласи за виновен за сексуален напад, тој доби 77 милиони гласови. Трамп буквално победи на анти-женската политика - за првпат прашањето за односот кон жените на овие американски избори беше поважно од расните или социјалните прашања, објаснуваат политиколози за Њујорк Тајмс. Оти сега за него гласаа посиромашните Афроамериканци и Хиспаноамериканци - и 40 проценти од жените.
Накусо, Американците одлучија дека жените претерале. Иако не им е гарантирано платено породилно отсуство: федералниот закон им предвидува 12 недели неплатено отсуство, и толку. Американките во просек заработуваат 20 отсто помалку од мажите, иако се пообразовани од нив. Повеќе ги има на универзитетите, што значи дека доаѓаат оттаму, лудо амбициозни и вредни. 54 проценти од младите мажи на возраст од 18 до 29 години гласаа за Трамп: меѓу нив постои огромен страв од жените подготвени да работат напорно борејќи се за своето место во светот кој брзо се менува.
Она што го прават Трамп и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, порталот Axious го нарекува „маскулинистички максимализам“. Тоа е повисоко ниво од старомодните мачизми на кои сме навикнати, кон кои сега речиси можам да чувствувам сочувство и симпатија. (...)
Слабеењето на демократијата и погубното влијание на социјалните медиуми помогнаа во растот на мизогинистичките и ретроградните идеи за машките и женските улоги во општеството, кои влегуваат во општествениот меинстрим, предупредуваат Обединетите нации во новиот извештај UN Women. Постои организиран отпор кон постигнатото на полето на родовата еднаквост.
Кога луѓето гледаат дека не можат да добијат пристојна работа и да ги обезбедат своите основни потреби, тие бараат жртвени јарци: мигранти, хомосексуалци, феминистки. До каде ќе се осмели Трамп да оди?
Сњежана Павиќ, Јутарњи лист, 12.03.25.