Лилјаци

17.03.25 01:42

Хозе Габриел Мартинез е натуралист, научник и фотограф кој го проучуа дивиот свет во Никарагва. Помогнал во основањето на херпетолошки и конзервациски групи за проучување лилјаци, бил коавтор на биолошка публикација уште кога имал 21 година, а за време на додипломските студии работел како теренски асистент на други биолози кои го истражувале биодиверзитетот на водоземците и влекачите.

Неговото дисертациско истражување е фокусирано на тоа како човекот влијае на фрагментацијата на живеалиштата и шумите, но и различните видови лилјаци.

„Лилјаците се важни за екосистемот и обезбедуваат многу економски придобивки за луѓето, па колку подобро разбереме како нашите активности влијаат на лилјаците, толку подобро ќе можеме да ги зачуваме условите за нивно опстојување – а со тоа и придобивките за сите нас“.

Мартинез помогнал во основањето национална програма за зачувување на лилјаците во Никарагва. Досега се идентификувани 111 видови лилјаци, а во прилог пренесуваме дел од неговата колекција фотографии.

 

 

 

ОкоБоли главаВицФото