Релјеф

17.03.2025 11:40

Ако за нас треба нешто да знаете, тогаш чујте:
било да стоевме или чекоревме, мислевме или говоревме,
спиевме или бевме будни, бевме во релјефот, дел од релјефот,
никогаш слободни од сите страни. Тоа што го гледате и слутите
- зборот, мислата, настанот - само е половина
помалку добра, помалку среќна и помалку изразита
која успеала да се обликува. Би можело да се рече
дека тоа што го гледате и не било нашата прва грижа:
без престан се занимававме со позадината!
Таа, додуша речиси нежива, додуша бескрајна,
тврда и темна беше наш сијамски близнак,
нè болеше. Секогаш ја дофаќаше нашата најдобра
намера и ја голташе. На кажувачите можеше да им се
види мускулестиот грб како трепери во грч,
не лицата, ни зборовите не се слушаа, позадината
им ги затна устите. Не ги замислувајте љубовниците
и нивниот миг, на децата кругот им се вртеше само
малку однадвор. Ни животните не можеа
да ја извлечат колата. За сончогледот и да не зборуваме.
Позадината ја нарекувавме секако - власт, пригоди,
историја, припадност, борби, повеќенационалност,
сиромаштија, судбина, тоталитарно, повеќејазичност,
водачи - а кој ќе знае за што се работело и кон која
рака, која давала и удирала, кон која нијанса на мракот
требало да се покаже. Историчарите еднаш можеби
ќе ја прашаат: плиток или висок релјеф? Во ред, во ред,
ако од позадината ќе можат да прашуваат.

Превод: П. В.

Сроден прилог: Пожар

 

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото