1015 hPa
41 %
31 °C
Скопје - Чет, 10.09.2026 13:02
Еднаш себе си ветив дека од тоа чукање, од тие неколку милиони удари, нешто ќе направам. Да речеме, тепих кој лета низ воздухот како рој пчели или јато ластовици.
Со години во мојата соба чука часовник. Ноќе, по ден, кога е убаво или грдо време. Го заборавам, но знам дека не престанува.
Еднаш себе си ветив дека од тоа чукање, од тие неколку милиони удари, нешто ќе направам. Да речеме, тепих кој лета низ воздухот како рој пчели или јато ластовици.
Деновите и годините минуваат, часовникот чука, уште ништо не сум направил.
Ќе морам, толку долго сме заедно, чукањето и јас.
Не се само земјата, дрвото, металот, кожата или хартијата погодни да се направи играчка.
Превод: П. В.