Фотографии од собирот на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од Кочани

19.03.2025 13:11
Фотографии од собирот на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од Кочани

На плоштад Македонија во Скопје вчера се собраа илјадници лица на мирен собир, со цел да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молкум палеа свеќи и се поклонуваа во чест на жртвите кои трагично ги загубија животите во дискотеката „Пулс”.

Со вклучени светилки на мобилните телефони граѓаните симболично испратија порака за емпатија и солидарност.

Во 18 часот и 59 минути започна 16-минутниот молк; 59 во знак на бројот на загинати лица, а 16 го претставува датумот на трагедијата.

Молкот заврши со извикување „слава им“ и со пуштање црни балони кон небото.

Фотографиите во продолжение се на Томислав Георгиев.

ОкоБоли главаВицФото