Слобода

21.03.2025 11:51

Покрај големиот број ослободителни движења размавтани низ нашето столетие ни преостанува уште едно големо и сериозно: ослободување на мртвите. Ако е вистина дека дури слободата на другите нè прави слободни, кај мртвите е еден од најголемите извори на нашата слобода.

Од мигот кога човек заминува, во сон и на јаве, ние го затвораме. Тој не може да направи ни најпросто движење, да изговори ни наједноставен збор, како смртта да не го ослободила туку го вратила во понеподвижно тело.

Рилке и Супервиел не престануваа да говорат дека мртвите се многу послободни од нас ако им дозволиме тоа да бидат, ако осознаеме дека гробот за нив е непостоечка станица, а не затвор за сите времиња кој сме го измислиле за нив.

Да се биде на страната на мртвите: тоа значи во секој момент да се има утеха која доаѓа отсекаде, радување со најчиста радост, оти нивната смеа не е просторна, туку временска.

Превод: П. В.

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото