1015 hPa
68 %
19 °C
Скопје - Саб, 06.06.2026 00:59
Не јас, мојот молив знае дека речиси секоја моќ, а можеби и секоја, се претвора во глупост. Таа нестрпливо одвреме-навреме се залетува нешто за тоа да каже, да ги забележи срамните последици, спомените на лицето што страда, а тогаш, приближувајќи се до хартијата, не знае, не умее, не може, се губи, подзастанува и црта патемни зборови, играчки од пепел.
Во графитната средина остануваат ужасот, чувството на вина, стравот; во графитната средина има едно столетие, а трагата му е само сенка која никого и ништо не ранува и не валка.
Превод: П. В.