Збирка кратки раскази од шестиот конкурс Бибер

27.03.2025 12:47
Збирка кратки раскази од шестиот конкурс Бибер

Со задоволство ве информираме дека ја објавивме збирката кратки раскази кои беа избрани на шестиот конкурс Бибер. Збирката е достапна на страницата на Бибер.

Шестиот конкурс Бибер беше отворен од 8.12.2023 г. до 26.5.2024 г. На конкурсот пристигнаа 490 раскази. Жирито во состав: Алмин Каплан, Јасна Димитријевиќ и Тања Ступар Трифуновиќ, избра 24 раскази кои ќе бидат вклучени во повеќејазичната збирка и донесе одлука за наградите. Еден расказ беше вклучен во збирката од страна на организациониот тим на конкурсот Бибер.

Во збирката се објавени следните раскази:

„Америка хито“ од авторот Симон Мариќ од Белград

„Erzähle mir etwas über dich“ од авторката Данијела Репман од Сомбор

„Фустан“ од авторката Маријана Чанак од Нови Жедник

„Како да се убие човек“ од авторката Тена Лончаревиќ од Жупања

„Колекционер“ од авторката Ивана Дилбер од Томиславград

„Конкурс“ од авторот Михаило Марковиќ од Цетиње

„Кора од смрека“ од авторката Марија Кртиниќ Вецков од Сторд, Норвешка

„Кошмар“ од авторот Јетон Муслиу од Приштина

„Креденцот“ од авторката Татјана Сикима од Белград

„Летото што го чекавме“ од авторката Јелена Вукотиќ од Ваљево

„Мајстор“ од авторката Слободанка Ѓудерија од Округ Горњи

„Момчето што ги сакаше ѕвоната“ од авторката Владимира Бециќ од Дуго Село

„Никогаш не сум рекол тато“ од авторот Срѓан Миљевиќ од Белград

„Отаде“ од авторката Мевлуда Скуроши од Митровица

„Петровиќ“ од авторката Емина Ѓелиловиќ-Кевриќ од Витез

„Птици“ од авторката Ирена Скопљак Бариќ од Врбовец

„Распуст“ од авторката Милица Лукиќ од Белград

„Снегот“ од авторот Драган Симоновски од Скопје

„Стани да стоиш“ од авторката Бојана Савиќ од Нови Белград

„Тела од вода“ од авторката Моника Херцег од Загреб

„Треба нешто да направам со чевлите“ од авторката Марија Старчевиќ од Белград

„Универзално средство“ од авторката Тамара Ковачевиќ од Љубљана

„Цијанид“ од авторот Милош Перишиќ од Аранѓеловац

„Црното кутре“ од авторот Мехмет Елези од Тирана

„Чевли“ од авторката Нивес Мадуниќ Баришиќ од Загреб

Преводот на албански јазик го направија Ќерим Ондози и Илир Ајдини, преводот на македонски Ѓоко Здравески, Иван Шопов и Илир Ајдини, а преводот на БХСЦ го направија Ѓорѓе Божовиќ, Лидија Бариќ и Ирена Шентевска.

За илустрацијата на кориците заслужна е Јана Даниловиќ.

Бибер е конкурс за краток, ангажиран расказ, на албански, македонски, босански, хрватски, српски и црногорски јазик. Темата на конкурсот е помирувањето, во контекст на наследството од војните и насилствoтo во земјите од поранешна Југославија, а доаѓаат предвид и раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и запирање на предрасудите, антивоени раскази, раскази кои се занимаваат со соочување со минатото, со разградување на сликата за непријателите, со сочувство кон другите, храбри раскази кои се осмелуваат да одат во „непријателски“ чевли, раскази кои ги туркаат границите и ни отвораат патишта за да градиме посигурна, побезбедна и послободна иднина за сите. Конкурсот го организира тимот на Бибер на Центарот за ненасилна акција Сараево|Белград.