Оваа истрага ќе биде селективна

28.03.2025 10:13

Од досегашниот правец на истрагата и информациите кои се соопштени во јавноста, СДСМ стравува дека оваа истрага ќе биде селективна. Откако министерот Тошковски извести дека првата фаза од истрагата е завршена и се сомничат 32 лица, денес тој и обвинителот Коцевски мора да одговорат на следните легитимни прашања кои се наметнуваат. Дали е точно дека:

- Ниеден од командирите, инспекторите, и раководството на БЈБ и МВР во ОВР Кочани и СВР Штип, кои мора да знаеле што се случува, не се во притвор?

- Дали и против кој од нив се води истрага? И ако не се води, како е можно да не се истражуваат лица кои вечерта биле на одговорни позиции, со должност и овластување да реагираат – но не го сториле тоа?

Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ; на прес-конференција, 24.03.25.