1018 hPa
86 %
-2 °C
Скопје - Чет, 19.02.2026 01:59

Две принцези
од царството Нека Нека
чекаат принц два века.
Мрежа нема,
не можат да се јават,
се туфкаат и не знаат
што да прават.
Гулаб да се прати,
дали ќе се врати?
Гласник ако оди,
кој ли ќе го води?
Мудрецот го нема,
многу пари зема.
А почна и рушвет згора!
Да се прати абер мора
по желката и двата ежа
час поскоро да дојде мрежа!
Нека нека, ќе се чека,
ако мора, и до три века!
И чекаа така
принцезите од царството
Нека Нека
уште цели пет века.
Илустрации: Елизабета Костова
.jpg)