Старите добри времиња на Рамбо

31.03.25 01:23

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл. Синглот е насловен „У добра стара времена“ и зборува за пренесувањето на заблудите, лошите навики, фрустрациите и на крај и агресијата од родителите врз децата, од генерација на генерација.

Се обидов да ги набројам трауматските искуства од детството на мојата генерација, кои секако во голема мерка нè обликуваа. За наша среќа, младите од генерацијата „Зед“ (родените по 2000-тата година) се воспитуваа и се образуваа сами, со помош на знаењето достапно на интернет, па со резерва го примаа она што им го зборуваа трауматизираните и дезориентирани родители“ – вели Рамбо.

На песната гостува и хорот Musica Viva од Сомбор, со кој Рамбо во 2015-тата година објави обработка на песната „Бандиера Роса“ во форма на мадригал во чест на Туста, пејачот на легендарната хрватска панк група „КУД Идијоти“.

Слични содржини

Музика / Око
Музика / Око
Филм / Музика / Око
Книжевност / Музика / Око
Музика / Око
Музика / Око / Музички спотови

ОкоБоли главаВицФото