1007 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Пет, 23.01.2026 10:59

Ги слушав и ги читав изјавите на раководните од Тораница за излевањето на отпадни води во Крива Река и дефинитивно го прогласувам оваа држава за умрено. Зошто?
1.Од дефект на цевки на јаловиште дојдовме до јамска вода (вода која се собира при процесот на експлоатација на руда).
2. Официјалните независни анализи на рибарите од ЗСРК Мрена и општината се нерелевантни за рудникот, ама и за министерството.
3. Рудникот ќе си плател казна со ценкање и спогодба. Исто ко лани што платија - односно не платија - 200.000 евра. (Исто толку (не) одговараа од биогасната централа у Градско коа го потруа Вардар до Неготино.)
4. Очиледно е дека Министерството го боли стојко и за реката и за животна средина и за сите нас и за све, освен за нивните меки корумпирани газинја.
5.Од рудникот не знаат од каде олово и цијанид у реката. Изглеа оловото е од оловцата од тапите на рибарите, а за цијанидот некој фрлил супер лепаче (цијанофикс) па се зголемило нивото за неколку стотици пати. Среќа метан не открија, ќе викаа дека сме прделе у реката.
6. На крај, ако некојa од еколошките организации сака да се бори со ветерници и да губи живци може прво да почне од моментот како Tораничка река во делот над рудникот и ископите во изворишно подрачје на планинска река е класифицирана во трета категорија на загаденост, кога сите слични реки/поточиња се сврстани во втора или дури прва категорија (незагадени води) на загаданост. Е таквата класификација е за да се задоволат законските норми за у старт да може да се испушта загадена вода пошто согласно закон отпадната вода треба да е иста категорија како што е категоризирана и реката.
У меѓувреме, додека чекаме да ни израснат шести прсти и трети цицки и од загадување можеме да се давиме во ѓубре и фекалии пошто за подобро не сме, ниту заслужуваме, нит знаеме.
Кај не се иселив кај се заебав, где ме бре недокусури тута бугарин.
.jpg)
Карикатури: Rucke Souza