Протестен „Марш за Ангелите“ во Кочани

07.04.25 13:15

На 5 април, дваесетина дена по трагедијата во Кочани, семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, организираа протест насловен како „Марш за Ангелите“.

Собирно место беше Паркот на Револуцијата во Кочани, а потоа присутните се упатија кон Трговскиот центар, Општината, Одделението за внатрешни работи, сѐ до локацијата на која маршот заврши – Основниот суд и обвинителството.

Семејствата, заедно со сограѓаните кои се придружија во голем број, движејќи се низ улиците во градот, држејќи фотографии и транспаренти, побараа правда за прерано згаснатите животи на нивнте ќерки, синови, внуци, братучеди, другари, сограѓани…

Со фотографии од загинатите, граѓаните со молчење, плач и транспаренти порачаа: „Стоп за селективната правда“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Ова не е несреќа, ова е убиство“. Семејствата порачаа дека ќе се борат до крај за правда за своите деца и нема да застанат ниту за момент.

Фото: Александар Митовски

Извор за фотографиите: Infomax

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото