Ни змија, ни магаре = ни риба, ни девојка

15.03.2011 14:51
Ни змија, ни магаре = ни риба, ни девојка

Иако досега се обидував да ги пренебрегнам разликите со партиите кои барем теоретски споделуваат блискости со Либералната партија, последниот конгрес на ЛДП веќе не дозволува одмолчување на недоследностите.

Имено, тој потврди дека наспроти програмските декларации, под плаштот на „нудење трета опција“, ЛДП го задржува својот курс на обид за извлекување гласови од опозицијата, (не)водејќи сметка дека така само му помага на ВМРО-ДПМНЕ полесно да се справи со преселбата на неговите членови и гласови во другите партии (од десницата). Тука нашиве либерал-демократи паѓаат и во обидот за копирање на српските либ-демовци, кои никогаш не се обидоа да кокетираат со „ретрото“, ниту досега пратеничките мандати ги освојуваа во коалиции.

Но, овие позиции на ЛДП и не се преизненадувачки, имајќи предвид дека во партискиот врв сега им предничат поранешните кадри од ДП (партијата-прибежиште на сдсмовските ренегати во 1993) и дел од орбитерските експерти на „привремена работа“ за ВМРО-ДПМНЕ меѓу 2005 и 2009 година. Паралелно, во центарот работите, пак, се движат кон природна состојба, особено со позиционирањето на ЛП кон изворните програмски позиции и реформскиот курс на левиот центар од 1990 година.

Од аспект на штетата што со ваквиот пристап ЛДП (си) ја нанесува, прв пункт е самата цел - пресметка внатре во опозицијата. Најблаго речено, чудна е логиката на жестоките либерал-демократски напади врз опозицијата, бидејќи опозицијата по правило е цел на (поддржувачите на) власта. Тука е и прашањето на нивниот персонален фокус на нападите врз Црвенковски, иако во неговиот владин кабинет седеше добар дел од денешниот либерал-демократски врв и тој ја уживаше нивната поддршка на претседателските избори 2004. Впрочем, ЛДП релативно брзо ги апсолвираше забелешките на либералите кон Црвенковски од 1996, за веќе во вториот круг на претседателските избори 1999 да си ја трасира соработката со истиот СДСМ, воден од истиот Црвенковски - кој денес е еднаква опсесија за Манасијевски како и за Груевски?! Затоа, штом малку се гребне под површината, (ин)директното пактирање меѓу ЛДП и власта со нападите врз Црвенковски само потврдува дека опсесирањето со него им е потребно за персонализирање на политиката и централизирање на партиите, против што номинално се борат.

По истата аналогија, индикативно е што низ неговиот конгресен говор, Манасијевски избра да се изедначи со Груевски, придружувајќи му се во отвореното делење на новинарите и медиумите на (не)подобни. Парафразирам еден познат слоган: „Вистинскиот либерал никогаш не удира новинар“. Со конгресниот говор тој нанесе не само удар недоличен за некој (што се нарекува) либерал, туку и удар под појас.

Дури и доколку се изземат овие либ-демовски недоследности, останува прашањето каде се „суштинските разлики“ на ЛДП со опозицијата? Дали тие се во оценките за економските состојби? Наспроти неколкуте најави за корективни даночни зафати, што и претходно се наведени во понудите на разни партии, тие не нудат некој подлабок концепт за развојот на малите и средните претпријатија, со што остануваат без една од основите на средниот слој, без гласачи и заковани во хегемонистички апсорптивната ВМРО-ДПМНЕ, која прво (ќе) им ја консумира програмата, а потоа по логика на бројноста - ќе им ја асимилира публиката. Можеби ЛДП смета дека буџетските субвенции во земјоделството се оптимално проектирани и навремено дистрибуирани? Ние не сме согласни со тоа, напротив, цениме дека без јасна стратегија на развојот на оваа гранка, тие средства се само потенцијал за манипулација за партиски и лични цели на власта. Ценат ли либерал-демократите дека владата добро се справува со економската криза и со социјалните состојби или можеби сметаат дека опозицијата престрого ја оценува владината надворешна политика кога вели дека земјата се оддалечува од евроатлантските интеграции, додека во тек е сезоната на барање „амбасадорски скалпови“...?

Со продолжените напади на ЛДП врз опозицијата, граѓаните се почесто (ќе) си ги поставуваат овие прашања, исто како што не (ќе) ги поддржуваат тенденциите на разбивање на опозициската целина што нуди разнолична кадровска и генерациска, но и опфатна и капацитетна алтернатива на власта на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Затоа, во Македонија во 2011, „ни змија ни магаре“ е еднакво на „ни риба ни девојка“.

слики: Ben Heine

„Шпиц“, 15.03.11.

Морам да коментирам на делот

Морам да коментирам на делот со критикување на превртливоста , или популарно наречениот сончоглед. Значи вие ја критикувате ЛДП дека прво била со Бранко, а сега е против Бранко.
Лицемерие par exellence, не знам колкава статија треба да се напише да се опфатат сите сончогледови потфати на вашата партија. До 96-97 бевте во коалиција со СДСМ, па во 97 се споивте со ДП и ја формиравте ЛДП (партијата што сега ја критикувате и чиј портпарол бевте вие). Па повторно се одвоивте. Потоа бевте во коалиција со Груевски (лижевте г’з за власт), а сега пак и се враќате на матрицата од 90-тите (СДСМ). Сега уште фали пак некој од вашата партија да излезеи да каже: сакаме да ја употребиме клаузулата од референдумското прашање, стапување во конфедерација со државите од поранешната СФРЈ.
Па сега господине Величковски, ајде кажете ми дека не сте МАНИПУЛАТОР !!

Lp izlese od vlast koga vide

Lp izlese od vlast koga vide deka Grujo ke pocne da ja rasparcuva Makedonija i Makedonskiot narod.

Оф леле...ЛДП не смеела да

Оф леле...ЛДП не смеела да привлекува гласачи од сдсм.Најдобро да ги збришеме сите партии, можеби така сдсм ќе има рејтинг поголем од 12%.

Boli glava!

Boli glava!

Не очекував на окно да

Не очекував на окно да сретнам волку ниско дневно-политичко текстче...

Procitajte podobro, jas

Procitajte podobro, jas procitav i svativ sto e poentata, spored mene LPD e vo taen sojuz so Gruevski, fakt vmro sobirsae potpisi za Nano Ruzin, treba da se ispitaat od kade doagaat finansiite dali vladeackata partija gi finansira i kade im pomaga da nastapat na politickata scena, ima uste eden fakt, kako ke delat vauceri, dali se toa vaucerite za koi LP se zalagase koga se pracvese privatizacijata pa sega kopiraat ili toa se vaucerite odnosno dolgot na emo, ohis, i drugite zagubari koi ostanaa? Sto ima tuka da se podeli, nisto. Vo liberalno demokratskata ostanaa samo 2 ca liberali, drugte se Demokrati taka da nemaat vrska so Liberalni politiki.. Vo krati crti toa e .

ОкоБоли главаВицФото