Сè што прави оваа власт е чиста штета и загуба за државата
Милошоски вели: „Нема да се градат бегалски кампови во Македонија."
Бидејќи е предвидено одбиените азиланти тука да работат во градежништвото, јасно е дека нема да се градат оградени кампови, туку ќе се градат станови, а азилантите ќе можат насекаде слободно да се движат како слободни и рамноправни граѓани. Неколку илјади одвишни луѓе, човечки талог кој претставува товар дури и за многу поголемата Велика Британија, ќе се пресели тука, евентуално за да ни ја простат гаранционата премија од околу 339 милиони евра за кредитот за брзата пруга (17.86% од 1,9 милијарди евра).
Ниту ни треба брзата пруга, што ќе ни донесе загуба од најмалку 3,3 милијарди евра, ниту ни требаат тие проблематични луѓе.
Ако веќе ги примаме, тогаш подобро нека ни исплатат по 110 илјади британски фунти по бегалец, колку што било договорено со Руанда, пред да им пропадне зделката. Со тие пари барем ќе градиме станови, ќе отвориме работни места и ќе го поткренеме нашиот БДП.
Вака становите би ги граделе со наши пари, а 339 милиони евра нема да добиеме, бидејќи повторно ќе завршат во Велика Британија, за гаранцијата од UKEF. Башка што ќе направиме загуби со пругата и ќе ја упропастиме Вардарска Долина за навек.