1004 hPa
65 %
5 °C
Скопје - Сре, 18.02.2026 01:24
Принцезата Иџанаки бега пред аждер кој има четири пурпурни и четири златни шепи. Кралчето Итанаги спие под дрво. Не знае за опасност што им се заканува се малите стапала на Иџанаки.
Аждерот е сè поблиску. Ја гони Иџанаки кон морето. Во секое око му светкаат девет црни громови. Кралчето Итанаги спие.
Принцезата зад себе фрла чешел. Се појавуваат седумнаесет витези и започнува крвава борба. Гинат еден по друг. Предолго престојувале во црната коса на Иџанаки и сосем се разнежиле.
Кралчето Итанаги на брегот на морето го наоѓа чешелот. За него гради мермерна гробница. Кој видел на чешел да му се подига гробница?! Јас сум видел.
Тоа се случи на денот на дрвото и ждребето.
Превод: П. В.