Капење

11.04.2025 09:06

Ја фрлив облеката во воздухот буен
за да се искапам сосема гола во изворската вода;
ама тишината на ноќта ме заведе,
да ѝ ја раскажам мојата заумна приказна.
Студените бранови треперливо
одекнуваа, сладострасно ме опкружија
и со нежните кристални дланки
ме втурнаа длабоко во себе.
Одеднаш далечно ветре се приближи
и истури грст латици во мојата коса,
а во устата ми дувна здив на евроазиско нане
со остар мирис што се прилепува за срцето.
Тивко и предавајќи се ги затворив очите,
го притиснав телото врз меките млади трски
и како жена свиткана во прегратки на љубовник
му се предадов на течението.
Усните на водата, брзи, трескавично жедни,
плискаа бакнежи по моите бедра,
и одеднаш потонавме, опиени, задоволни,
ние грешниците, моето тело и душата на изворот.

Препев: Анета Попова

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото