Алембик во живо на Стотројка

11.04.2025 15:21
Алембик во живо на Стотројка

Недела, 13.04.2025, 22 часот

Во најновото продолжение на радио серијалот „Ако никој не свири“, во глувата соба на Канал 103 ќе настапат „Алембик“.

„Алембик“ се Виктор Танасковски (електрична и акустична гитара, бас, мандола, вокал и малку кларинет) и Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин). Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку алхемиска игра со музичките елементи.

Нивниот прв, истоимен албум е издаден во 2022 и е посветен на конфликтот, но и возможната симбиоза на природата и технологијата; претставува музика која се обидува преку самиот процес на нејзиното создавање да го отелотвори овој концепт.

Зад себе имаат голем број самостојни концерти, перформанси и фестивалски настапи. Минатата недела свиреа на Tallinn Music Week во Естонија.

Моментално работат на втор студиски албум во проширен состав.

***

Радио серијалот „Ако никој не свири“ е дел од програмата на Канал 103 од 2005 година. Во неговите рамки досега се продуцирани повеќе од 200 концерти на домашни и странски бендови и артисти. Овој јавен музички сервис и радио дом на културата делува според принципите на самоорганизација и солидарност.


Онлajн стрим. 

Корисни линкови:
https://www.youtube.com/watch?v=7WcZtGUu3o8
https://www.youtube.com/watch?v=vpkM7_mqzHQ