1018 hPa
59 %
17 °C
Скопје - Нед, 16.08.2026 07:11
Ги нема мртвите во последно време.
Порано, кога дождовите врнеа наопаку,
наминуваа на чај или на една ракиичка.
Ги нема мртвите, изгледа се лутат зашто
не им шетаме по гробовите, да им запалиме
по една цигара за старите добри времиња.
Ги нема мртвите, а и како ќе нè најдат?
Живееме толку далеку од себеси,
што дури и сенките ни се губат по патот.