1016 hPa
62 %

10 °C
Скопје - Сре, 14.05.2025 22:59
Мариан Каменски е карикатурист од Словачка.
По завршувањето на средното училиште работел како дувач на стакло и сценограф во театарско студио. Студентските денови ги поминал во Германија, каде студирал литографија на Уметничкиот колеџ во Хамбург и ги илустрирал сатиричните книги на чешкиот новинар и сатиричар Габриел Лауб. Цртал илустрации и за авантуристичките книги на Ридигер Нехберг и за биолошко/зооолошката литература на Кристијан Кил. Неговите уметнички дела со години се објавуваат во бројни весници и списанија во многу европски земји (Die Zeit, Der Spiegel, Focus, Nebelspalter, Eulenspiegel, Psychologie heute и др.) како и во САД и Канада (Playboy, The New York Sun, The Humanist итн.).
Во 2010-тата година се преселил во Виена, Австрија, каде продолжува со својата креативна работа на полето на илустрацијата и карикатурата.
По повод Велигден пренесуваме дел од неговите провокативни карикатури.