Самоубиство во куќата на чајните церемонии

22.04.2025 09:56

Детективскиот роман прави злочин со временското изненадување.
Ж. Ф. Лиотар

*
падот на зрнцето шеќер
го дели во воздухот
тајното патче
кое е за ронка послатко
од другите
(стигајќи на површината на чајот, зрнцето
успорува, се чини дека сака да се сврти).

*
растворањето на зрнцето шеќер
на неговото место ја подготвува појавата
на ново подрачје на недопрена течност
(настанот, всушност, не се памти;
некое време самото патче во воздухот
малку е попрозрачно од обично).

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото